• петок, 05 декември 2025

Нуркачи викендов ќе го чистат дното на Охридското Езеро од цврст отпад

Нуркачи викендов ќе го чистат дното на Охридското Езеро од цврст отпад

Охрид, 6 мај 2025 (МИА) – Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид викендов ќе ја реализира еколошката акција „Охрид ЕКО 2025“ за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.

Десетици нуркачи од земјата и регионот в сабота на повеќе локации кај Градското пристаниште, кај Љубаништа, Заливот на коските, автокампот „Градиште“ и кај Калишта ќе го чистат езерското дно, од пластика, метал и секаков вид цврст отпад депониран во езерото.

Целта на акцијата што се организира четврта година по ред пред главнта туриситчка сезона е заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста кај населението и зачувување на природната убавина на eзерото, велат од Нуркачкиот центар „Амфора“. аб/са/

фото/МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан