• петок, 22 ноември 2024

НСДП: Ќе поддржиме влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, откако во Собрание ќе се изгласа Иницијативата за уставните измени

НСДП: Ќе поддржиме влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, откако во Собрание ќе се изгласа Иницијативата за уставните измени

Скопје, 8 јуни 2023 (МИА) - НСДП е спремна со своите пратеници да поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата со цел остварување на највисокиот стратешки државен интерес - членство во Европската Унија, откако во Собранието заеднички ќе изгласаме прифаќање на Иницијативата за уставните измени.

Од НСДП го поздравуваат одржувањето на лидерската средба во насока на политичкото обединување на кое, како што наведуваат, повикавме пред две недели и кое е неопходно за да се загарантира европската иднина на државата. Го поздравуваат прогресот во ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени, кој, како што наведуваат, процес треба веднаш да се започне во Собранието.

За НСДП македонскиот јазик и македонскиот идентитет се загарантирани и заштитени со усвојувањето на преговарачката рамка и нема простор за загриженост, тие се гарантирани од Европската Унија и САД.

- Повикуваме на државнички пристап од сите политички актери, на разум и да не дозволиме државата да стагнира, туку да бидеме одговорни и да го препознаеме политичкиот моментум за да исчекориме кон прогрес, реформи и општествен напредок кој го очекуваат граѓаните, се вели во соопштението од НСДП. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан