Ноќеска можен прекин во водоснабдувањето во село Сарај
- Поради санација на усисна цевка со пречник од 250 милиметри во пумпната станица Сарај вечерва од 1:00 часот по полноќ можен е мал прекин во водоснабдувањето во село Сарај, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Поради санација на усисна цевка со пречник од 250 милиметри во пумпната станица Сарај вечерва од 1:00 часот по полноќ можен е мал прекин во водоснабдувањето во село Сарај, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекин во водоснабдувањето, како што велат, може да има во периодот од 1:00 часот на 10 август, па се до завршувањето со санацијата на усисната цевка во пумпната станица.вј/са/
Фото: МИА архива