„Носталгија“- изложба на графики од Иван Мегленов
- Во Галерија МКЦ денеска ќе биде отворена изложба на графики од Иван Мегленов насловена „Носталгија“.

Скопје, 5 мај 2021 (МИА) - Во Галерија МКЦ денеска ќе биде отворена изложба на графики од Иван Мегленов насловена „Носталгија“.
Изложбата „Носталгија“ e составена од серијал ситопечат графики, кои се интерпретација на спомените на авторот, артефакти од блиското минато. Графиките ја прикажуваат емотивната врска со сеќавањата на детството и раната младост на авторот.
Иван Мегленов е роден во Скопје на 7 август 1996 година, дипломира на Факултетот за ликовни уметности во 2019 година на отсекот Графика, паралелно студирајќи на Академијата за визуелни уметности при Џолев и уметностите, каде ја стекнува дипломата за „Најперспективен студент“. Денес е дел од тимот на Сеавус Едукативен и развоен центар.
Изложбата ќе трае до 18 мај. свс/ев/