Нормализиран сообраќајот за тешки товарни возила на ГП Блаце
- Сообраќајот за тешки товарни возила на ГП Долно Блаце на излез од Македонија е нормализиран, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.
Скопје, 11 септември 2025 (МИА) - Сообраќајот за тешки товарни возила на ГП Долно Блаце на излез од Македонија е нормализиран, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.
Претходно утрово оттаму информираа дека од 07:20 часот сообраќајот за тешки товарни возила на граничниот премин Блаце бил пренасочен кај бензинската станица Дизел.
Не беа наведени причините поради кои камионите се пренасочувале. сст/мд/
Фото МИА архива