Норис се стреми кон победа на ГН на Мајами во Формула 1
- Минатогодишниот шампион Ландо Норис изјави дека сака да постигне победа на Големата награда на Формула 1 во Мајами овој викенд.
Мајами, 2 мај 2025 (МИА) - Минатогодишниот шампион Ландо Норис изјави дека сака да постигне победа на Големата награда на Формула 1 во Мајами овој викенд. Британецот влегува во шестата трка од новата сезона со 10 бода зад својот колега од Мекларен, Оскар Пјастри, и без победа од првата трка во Мелбурн.
Во последните две трки, тој заврши трет во Бахреин, а потоа четврти во Саудиска Арабија, но Пјастри победи во обете трки.
На прашањето дали е загрижен дека моментумот во шампионатот се движи во позитивна насока за Пјастри, Норис одговори: „Не, воопшто не сум загрижен. Пјастри работи добро и ги заслужува овие резултати. Очигледно сум направил некои грешки и не сум бил на нивото на кое треба да бидам. Но, верувам дека можам да стигнам до таму многу брзо“.
Вели дека ова е шеста рунда од вкупно 24, иако знае дека не може тоа да го користи како оправдување.
-Знам дека морам да се забрзам. Правам сè што можам. Брзината е тука, како и темпото на трката. Има само едно нешто што треба да го поправам, но сум уверен дека можам да го направам тоа. Не е недостаток на брзина или вештина. Работите не се одвиваа како што треба. Но, работам на тоа и се надевам дека овој викенд ќе можам да го применам во пракса“, додаде тој.
Норис ја прекина својата серија од 110 трки без победа во Формула 1 со победа во Мајами минатата година.
-Ова е место кое ми буди убави спомени. Како дете сонував да победувам во Формула 1 и да се искачам на највисокото скалило, и успеав да го направам тоа тука. Има многу работи што ми донесоа задоволство откако се вратив, и планирам повторно да го направам тоа, изјави Британецот. дс
Фото: Архива