Норис: Се надеваме дека оваа сезона ќе бидеме во многу подобра позиција од самиот почеток
- Минатата сезона Мекларен стави крај на доминацијата на Ред Бул и беше најуспешниот тим во Формула 1. Сепак, Ландо Норис беше втор зад Макс Верстапен, но тој има верба во себе во пресрет на новата сезона.
![Норис: Се надеваме дека оваа сезона ќе бидеме во многу подобра позиција од самиот почеток](https://mia.mk/images/20250214130624_big_730x400_4.webp )
Вокинг, 14 февруари 2025 (МИА) - Минатата сезона Мекларен стави крај на доминацијата на Ред Бул и беше најуспешниот тим во Формула 1. Сепак, Ландо Норис беше втор зад Макс Верстапен, но тој има верба во себе во пресрет на новата сезона.
-Најголемото нешто е да знам дека можам да постигнам одредени работи, знаејќи дека го имам она што е потребно во мене. Тоа, само по себе, е една од најголемите работи кои што ги научив. Отсекогаш сум бил човек кој се мачи да верува во нешто додека не го види или направи. Така беше сега. Се додека не победам на трка или не се качам на подиумот, или не победам некого, што и да е, додека не го направам тоа, тешко ми е да имам верба во себе и да кажам дека тоа е можно, изјави Норис.
Решението, сепак, не е да се фокусира само на Верстапен, сигурен е тој.
-Мислам дека не се работи само за Макс. Мислам дека сите се добри... Кога се во прашање главните фаворити, тука е секако Макс, освои три титули по ред. Дефинитивно е фаворит, но мислам дека во новата сезона влегуваме со кренати глави, со поголеми очекувања затоа што никогаш претходно не сме ја почнале добро сезоната и се надеваме дека оваа сезона ќе бидеме во многу подобра позиција од самиот почеток, за да не бркаме некого од почеток, заклучи 25-годишниот Норис.
Сезоната во Формула 1 започнува со Големата награда на Австралија на 16-ти март. дс
Фото: Архива