Норвешкиот министер за финансии Ведум соопшти дека тој и неговата Партија на центарот ќе се повлечат од Владата
- Министерот за финансии на Норвешка, Тригве Шлагсволд Ведум денеска изјави дека тој и неговата евроскептична Партија на центарот ќе се повлечат од Владата поради несогласувањата со коалицискиот партнер Работничката партија околу усвојувањето на енергетската политика на Европската унија.
Осло, 30 јануари 2025 (МИА) - Министерот за финансии на Норвешка, Тригве Шлагсволд Ведум денеска изјави дека тој и неговата евроскептична Партија на центарот ќе се повлечат од Владата поради несогласувањата со коалицискиот партнер Работничката партија околу усвојувањето на енергетската политика на Европската унија.
Партија на центарот, која е во Владата од 2021 година, има осум места во 20-члениот кабинет на Норвешка, вклучувајќи ги и позициите на министер за финансии, министер за одбрана и министер за правда и јавна безбедност, додека претставниците на Лабуристичката партија ги имаат преостанатите 12 позиции.
Работничката партија, од која изјавија дека Норвешка треба да одржува добри односи со ЕУ со оглед на заканата од трговска војна меѓу Европа и САД, сега може да владее сама во малцинска влада до изборите во септември. Партијата сака Норвешка да ги усвои директивите на ЕУ за потрошувачката на енергија од обновливи извори, за енергетската ефикасност на зградите и за зголемување на вкупната енергетска ефикасност, рекоа владините министри.
Партија на центарот се противи на сите три директиви, за кои вели дека ќе ја поткопаат норвешката автономија и долго време тврди дека Норвешка, извозник на електрична енергија и природен гас, треба да се обиде да си ги врати овластувањата над регулативата на ЕУ.
„Заклучокот за нас е дека Партијата на центарот не сака да биде дел од овој развој“, рече Ведум на прес-конференција. рп/
Фото: МИА архива