• понеделник, 23 декември 2024

Норвешка ќе одбележи 10 години од нападот на Брејвик

Норвешка ќе одбележи 10 години од нападот на Брејвик
Осло, 17 јули 2021 (МИА) - Во Норвешка следната недела ќе се одбележи 10-годишнината од нападот на десниот екстремист Андерс Бехринг Брејвик, кој уби 77 луѓе. Тоа е најкрвав атак во земјата по Втората светска војна. Брејвик на 22 јули 2011 година прво детонирташе бомба пред канцаларијата на норвешкиот премиер во Осло, при што загинаа осуммина, а потоа се упати на островот Утоја, каде елиминира 69 луѓе во камп за млади на Лабуристичката партија. На 22 јули ќе се одржи церемонија на двете места, пред канцеларијата на поранешниот премиер, што денеска е празна, поради спор како да се обнови, а потоа на островот Утоја, кој се наоѓа западно од Осло. На церемонијата ќе присуствува премиерката Ерна Солберг, преќивеаните и семејствата на загинатите. Утоја денес е меморијален и образовен центар, а ученици можат да преспијат во дрвените куќи изградени по нападот. Брејвик е осуден на 21 година затвор, но казната може да му биде продолжена на доживотна, ако се оцени дека тој е опасен за општеството. Преживеаните се загрижени дека тој може да стане инспирација за белите супремисти во светот. Во март 2019 година, Брентон Тарант на Нов Зеланд уби 51 лице во две џамии, а во својот манифест  наведе дека бил инспириран од Брејвик. ми/

Остани поврзан