• петок, 22 ноември 2024

Норвешка ја зголемува воената готовност поради Русија

Норвешка ја зголемува воената готовност поради Русија
Осло, 31 октомври 2022 (МИА) - Норвешка од 1 ноември ќе ја стави армијата во готовност поради војната во Украина, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе на прес-конференција. Норвешка сега е најголемиот извозник на природен гас во Европската унија, обезбедувајќи околу една четвртина од европскиот увоз по намалувањето на протокот на руски гас. „Ова е најсериозната безбедносна ситуација во последните неколку децении. Нема индикации дека Русија ја шири својата војна во други земји, но поради зголемените тензии, ние сме повеќе изложени на закани, разузнавачки операции и кампањи за влијание“, рече премиерот Гар Сторе. Норвешка распореди војска за да ги чува своите офшор платформи и објекти на копно по нападот на Северен поток на 26 септември и доби поддршка од британската, француската и германската морнарица. паг/  

Остани поврзан