• понеделник, 20 мај 2024

Норвешка стигна до деветто европско злато на женските ракометни првенства

Норвешка стигна до деветто европско злато на женските ракометни првенства
Љубљана, 20 ноември 2022 (МИА) – Репрезентацијата на Норвешка го освои првото место на 15. Европско првенство за ракометарките. Норвежанките вечерва во Љубљана ја победија Данска со 27:25, иако во финалето данските ракометарки беа во водство до 45 минута. Данска која на полуврме водеше со 15:12 остана на три злата. Со триумфот на Еуро 2022 Норвешка си обезбеди место на Олимписките игри во 2024 година. Во предигра на големото финале, Црна Гора ја победи Франција со истиот резултат 27:25, по продолженија. зс/

Остани поврзан