• вторник, 23 април 2024

Норвежанецот Хареиде нов селектор на Исланд

Норвежанецот Хареиде нов селектор на Исланд

Рејкјавик, 15 април 2023 (МИА) – Искусниот 69-годишен норвешки фудбалски стратег Аге Хареиде е назначен за нов селектор на исландската фудбалска репрезентација.

Хареиде на исландската клупа седнува на местото на Арнар Видарсон, кој се повлече од должноста по двата воведни натпревари во квалификациите за ЕУРО2024, на кои Исланд загуби од БиХ со 0-3, а го совлада Лихтенштајн со 7-0.

Исланд ќе биде трета репрезентација, која Хареиде ќе ја предводи во кариерата.

Од 2003 до 2008 година Хареиде беше селектор на Норвешка, а од 2016 до 2020 ја предводеше Данска. ег/ми/

фото: Твитер

Остани поврзан