• сабота, 17 мај 2025

Номагас и ДЕСФА во Атина потпишаа Меморандум за соработката

Номагас и ДЕСФА во Атина потпишаа Меморандум за соработката

Атина, 29 април 2024 (МИА) – Директорот на НОМАГАС Мухамед Елмази и извршната директорка на грчката ДЕСФА Мариа Рита Гали на маргините на деветтиот Балкански Еенерергетски Самит во Атина, претпладнево потпишаа меморандум за соработка и зајакнување на нивното партнерство, јави дописничката на МИА од Атина.

Меморандумот е врз основа на долгогодишната соработка меѓу двете компани, а беше потпишан во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и заменик-министерот за енергетика и животна средина на Грција Никос Цафос, кои исто така учествуваат на дводневниот енергетски самит.

Елмази и Гали изразија задоволство што со конкретниот Меморандум дополнително се продлабочува и зајакнува соработката меѓу двете компании. ср/са/

Фото: МИА

Остани поврзан