• понеделник, 23 декември 2024

Нов телефонски разговор Дендиас - Чавушоглу за ситуацијата на Самос и во Измир

Нов телефонски разговор Дендиас - Чавушоглу за ситуацијата на Самос и во Измир
Атина, 31 октомври 2020 (МИА) – Взаемната понуда за помош, доколку биде потребно, ја повториле шефовите на грчката и турската дипломатија Никос Дендиас и Мевлут Чавушогу во нивниот, втор телефонски разговор по силниот земјотрес што ги погоди Самос и Измир, јави дописничката на МИА од Атина. -Телефонски разговор меѓу МНР Никос Дендиас и турскиот МНР Мевлут Чавушогу околу ситуацијата во Измир и Самос. Ја повторија взаемната понуда за помош, доколку е потребно. Дендиас му се заблагодари за повикот и двајцата се согласија да останат во контакт, соопштија преку „Твитер“ од Министерството за надворешни работи на Грција. На синоќешниот втор повик му претходеше телефонски разговор по иницијатива на Дендиас, кој на неговиот турски колега му ја изрази подготвеноста на Грција да испрати спасувачки тимови во Турција. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера, телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да му изрази сочувство за трагично загубените животи во земјотресот што ги погоди двете земји. -Без оглед на нашите разлики, ова се моменти кога нашите народи треба да бидат заедно, напиша Мицотакис на „Твитер“. ср/

Остани поврзан