• вторник, 14 мај 2024

Пожар во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце во општина Старо Нагоричане

Пожар во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце во општина Старо Нагоричане

Скопје, 28 август 2023 (МИА) - Нов пожар на отворено избувна денеска околу 15:30 часот во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце во општина Старо Нагоричане.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане се обидуваат да воспостават контрола над огнот и дека засега е безбедно селото Руѓинце.

- И покрај напорите на пожарникарите пожарот и понатаму се шири и најверојатно ќе биде потребна воздушна поддршка. Бидејќи веќе е доцна за полетување на воздухоплови дадени се насоки да се побара засилување и во текот на ноќта за да се обезбеди село Бељаковце кон кое се движи еден крак од пожарот. Пожарникари од ТППЕ Куманово и Кратово набргу ќе бидат упатени и ќе дежураат во близина на ова село, велат од ЦУК.

Во текот на ноќта ќе се донесе одлука дали, кога и кои воздухоплови ќе бидат употребени за гаснење на пожарот. сх/бак/

Фото: ЦУК

 

Остани поврзан