• петок, 17 мај 2024

Нов паркинг на улица „Козјак“ во Кисела Вода

Нов паркинг на улица „Козјак“ во Кисела Вода

Скопје, 9 мај 2024 (МИА) - Нов паркинг простор е во завршна фаза во населбата Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид на улицата „Козјак”, каде на 400 квадратни метри се обезбедуваат нови 25 паркинг места.

Со ова, како што информираат од Општина Кисела Вода, од бројот на новоизградени паркинг места за овие две и пол години се искачува на околу 1400.

-Продолжуваме да работиме со силно темпо грижејќи се нашите жители да имаат што подобри услови во секој сегмент од нивните животи. Решавањето на проблемот со недостиг од паркинг места со кои се соочувавме со години наназад е поставен високо во моите приоритети, а дека е така говори тоа што, иако во мојата програма имав ветено 1000 нови паркинг места, веќе ја достигнавме бројката од 1400 и тоа само за две и пол години, истакнал градоначалникот Ѓорѓиевски.

Новиот паркинг на улицата „Козјак" во населбата Кисела Вода, според него, нуди можност за уште 25 паркинг места. Просторот се протега на околу 400 квадратни метри, поплочен е со павер елементи и секако ќе придонесе во безбедноста и удобноста на сообраќајот во мирување. Тој најавува дека вакви градежни активности во периодот што следи Општината ќе има и во сите останати месни и урбани заедници, на што веќе интензивно  се работи. сст/aa/

 Фото: Општина Кисела Вода

 
 

 

 

Остани поврзан