• петок, 05 декември 2025

Нов кружен тек се гради на регионалниот пат Кавадарци - Росоман

Нов кружен тек се гради на регионалниот пат Кавадарци - Росоман

Кавадарци, 5 јуни 2025 (МИА) - За поголема безбедност во сообраќајот, нов кружен тек се гради на регионалниот пат Кавадарци - Росоман, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

-Интензивно се работи на изградбата на нов кружен тек на регионалниот пат Кавадарци - Росоман, со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот. Во вкупна вредност од 11 милиони денари со вклучен ддв, финансиран од Владата на Република Македонија, појаснија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму додадоа дека изведувач на работите е компанијата Градба промет. свд/сст/


Фото: Фејсбук - страница на градоначалникот Јанчев

Остани поврзан