Нов Зеланд и Австралија ветија милиони долари помош за Папуа Нова Гвинеја
- Австралија и Нов Зеланд ветија милиони долари помош за Папуа Нова Гвинеја по смртоносното лизгање на земјиштето, јави ДПА.
Велингтон, 28 мај 2024 (МИА) - Австралија и Нов Зеланд ветија милиони долари помош за Папуа Нова Гвинеја по смртоносното лизгање на земјиштето, јави ДПА.
Неколку села во провинцијата Енга во Папуа Нова Гвинеја беа погодени од лизгање на земјиштето откако дел од планина се урна во раните утрински часови во петокот.
Канцеларијата за управување со вонредни состојби на Папуа Нова Гвинеја соопшти дека повеќе од две илјади луѓе можеби се живи закопани.
Заменик-премиерот на Нов Зеланд, Винстон Питерс денеска изјави дека владата на Нов Зеланд ќе обезбеди околу 1,5 милиони новозеландски долари (923 илјади американски долари) за да и помогне на Папуа Нова Гвинеја да се справи со последиците од лизгањето на земјиштето.
-Свлечиштето во провинцијата Енга во Папуа Нова Гвинеја е апсолутна трагедија. Нашите мисли се со директно погодените и со народот и владата на Папуа Нова Гвинеја, напиша Питерс на социјалната мрежа „Х“.
Австралискиот вицепремиер, Ричард Марлс рече дека Австралија ќе обезбеди првичен пакет помош од 2,5 милиони австралиски долари (1,6 милиони американски долари) за Папуа Нова Гвинеја.
Во Папуа Нова Гвинеја започна евакуацијата на околу 7.900 луѓе поради страв од ново лизгање на земјиштето, соопштија денеска властите. Евакуацијата дојде по џиновското лизгање на земјиштето што во петокот речиси уништи едно село во провинцијата Енга. мс/
фото: МИА архива