Ново спортско игралиште во Велес
- Завршени се градежните работи на новиот спортски терен кај автобуската станица од левата страна на Велес. На игралиштето е поставена и тартан подлога.

Велес,1 ноември 2023 (МИА) - Завршени се градежните работи на новиот спортски терен кај автобуската станица од левата страна на Велес. На игралиштето е поставена и тартан подлога.
Како што информира градоначалникот Марко Колев предвидено е да биде мултифункционално, за повеќе спортови ,а има и трибина за гледачите,
-Со ова ново спортско игралиште жителите од овој дел на градот добија нов современ терен за спорт и рекреација, потенцира Колев.
Средствата за негова реконструкција се обезбедени од Општина Велес.ад/свс
Фото:Општина Велес