• среда, 17 јули 2024

Ново детско катче во Чаир

Ново детско катче во Чаир

Скопје, 17 септември 2021 (МИА) - Чаир од денеска има уште едно модерно детско катче. Ова е 14-то катче кое го поставува Општина Чаир во последните четири години.

Од општинската прес-служба информираат дека детското катче се наоѓа на улицата „Емин Дураку“ во близина на новата џамија во Чаир.

Според Општина Чаир, ова детско игралиште има потполно нови реквизити и е користен специјален песок за подот.

- Сметаме дека создавањето посоодветни услови за нашите деца значи зајакнување на темелите на општеството. Нека има секогаш радост и среќа за децата и на ова место. Продолжуваме со поставување нови катчиња на други локации на Општината на нашето срце, изјавил градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.фф/са/

Остани поврзан