Ново детско игралиште во Кавадарци
- На улицата „Рајко Жинзифов“ се изгради уште едно прекрасно детско игралиште на површина од 100 квадратни метри. Веќе се поставени шарени и безбедни реквизити за најмладите, а во изминатиот период се поставија и гумена подлога, ограда, клупи и корпи, сѐ што им треба на децата за безгрижна и весела игра, појаснија од кабинетот на Јанчев.
Кавадарци, 22 октомври 2025 (МИА) - Кавадарци доби ново катче за игра, соопштија денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- На улицата „Рајко Жинзифов“ се изгради уште едно прекрасно детско игралиште на површина од 100 квадратни метри. Веќе се поставени шарени и безбедни реквизити за најмладите, а во изминатиот период се поставија и гумена подлога, ограда, клупи и корпи, сѐ што им треба на децата за безгрижна и весела игра, појаснија од кабинетот на Јанчев.
Како што информираа, работите ги изведува фирмата „Теракота“ од Прилеп.
- Ова е само едно од многуте игралишта што ги уредува нашата општина затоа што децата заслужуваат простор за игра, смеа и среќни спомени, потенцираа од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци. свд/бд/
Фото: „Фејсбук“ - страница на градоначалникот Митко Јанчев