• среда, 10 јули 2024

Ново детско игралиште во Дељадровци во општина Илинден

Ново детско игралиште во Дељадровци во општина Илинден

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - Пуштено во употреба ново детско игралиште во Дељадровци во општина Илинден. Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, наместени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.

- Новото детско игралиште се наоѓа во рамките на новоизградениот парк кој веќе извесен период го користат жителите од ова населено место, за дружење и рекреација, така што и сега новоизграденото детско игралиште ќе биде одлично надополнување на целиот простор, а децата од Дељадровци добија ново катче каде можат да го поминуваат слободното време во игра и забава. Во наредниот период просторот ќе биде партерно уреден со павер елементи, велат од општината.

Оттаму потенцираат дека новото детско игралиште е континуитет на проектите на општина Илинден за нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите. ир/нд/

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан