• недела, 24 ноември 2024

„Новости“: Во Белград уапсен хрватски шпион

„Новости“: Во Белград уапсен хрватски шпион

Белград, 26 август 2024 (МИА) - Рано утринава на подрачјето на Белград, српската Агенција за безбедност и информирање (БИА), во соработка со други надлежни државни органи, спровела контраразузнавачка акција за апсење на хрватски шпион, пишуваат белградски „Новости“.

Според сознанијата на белградскиот медиум, акцијата е резултат на повеќемесечна оперативна работа на БИА и продолжување на сузбивањето на шпионажата и деструктивно-субверзивните активности на хрватската разузнавачка и безбедносна служба СОА.

Инаку, вчера во медиумите во Србија беше лиферувана информација дека лицето (Д.Р.) од Белград, со српските власти потпишал спогодба за признавање вина за сторено дело шпионажа, откако бил фатен дека е ангажиран од Разузнавачката служба (ОС) на Албанија, како и од Агенцијата за разузнавање на Косово, по чии налози собирал информации од безбедносна важност, со што ја помагал работата на овие служби, и создавал нивна разузнавачка мрежа на територијата на Србија.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан