• понеделник, 23 декември 2024

Новоизбраната судијка Ана Павловска- Данева почна со извршување на работните обврски во Уставниот суд

Новоизбраната судијка Ана Павловска- Данева почна со извршување на работните обврски во Уставниот суд

Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Ана Павловска-Данева денеска ги презеде своите работни обврски како уставен судија, соопшти Уставниот суд, кој со нејзиниот избор во Собранието почна да функционира во полн состав со вкупно девет судии.

-Покрај средбата со претседателката на Судот, Добрила Кацарска, судијата Павловска-Данева ги запозна судиите и вработените во службата, по што активно се вклучи во тековните ангажмани и активности во Судот, наведува Уставниот суд во соопштение. 

Согласно Уставот, мандатот на Павловска-Данева како уставен судија трае девет години. хс/бак/

Фото: МИА архива 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан