• петок, 22 ноември 2024

Новогодишната ноќ во Струмица помина мирно и безбедно, полицијата три пати интервенирала

Новогодишната ноќ во Струмица помина мирно и безбедно, полицијата три пати интервенирала

Струмица, 1 јануари 2024 (МИА) - Новогодишната ноќ во Струмица помина мирно и безбедно, а полицијата регистрирала два физички напади во струмичко и радовишко и уапсила четири лица осомничени за кривично дело „насилство“.

Како што информираше портпоролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, вчера во 21:00 часот полициски службеници ги лишиле од слобода А.А. (52), О.А. (20), Ј.К. (24) и Д.А. (27), сите од Струмица, кои околу 20:00 часот во училишен двор во Струмица со метални и дрвени предмети ги нападнале Г.П., В.Х., Е.М., Е.М. и Б.М.

Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, на почетокот на новата година полицијата не интервенирала и во полицискиот билтен не е регистрирано нарушување на јавниот ред и мир, ниту пак сообраќајни незгоди.

Според информациите од Итната медицинска помош, освен педесетина лица со хронични болести кои побарале помош, регистрирани се неколку полесни повреди од користење пиротехнички средства, а помош побарале и неколку млади лица кои биле во алкохолизирана состојба. рт/мч/

Фото:Општина Струмица

Тагови

Остани поврзан