Нови 457 позитивни случаи на КОВИД, оздравени 447 пациенти и девет починати
- Во последните 24 часа согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни, регистриран
Скопје, 2 март 2022 (МИА) - Во последните 24 часа согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 74 реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 1.896.139 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.195, бројот на оздравени пациенти е 285.907, на починати е 9.036 а бројот на активни случаи изнесува 3.252.
Како што соопштија од Министерството за здравство, од новите случаи во Скопје се 246, Велес – 25, Битола – 24, Прилеп – 22, Тетово, Кавадарци и Ресен по 17, Куманово – 15, Гостивар и Гевгелија по 10, Штип – 7, Охрид и Свети Николе по 6, Струмица, Кичево, Неготино и Крива Паланка по 5, Кочани – 3, Струга, Пробиштип, Кратово и Демир Капија по двајца, Дебар, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран по еден.
Регистриран сe 447 оздравени пациенти од: Скопје – 267, Велес – 34, Куманово – 24, Кавадарци – 18 ,Битола – 15, Прилеп – 14, Дебар – 13, Тетово – 11,Кичево – 10, Струмица – 6, Гевгелија, Штип и Неготино – по 5, Гостивар – 4, Ресен, Кочани и Берово – по 3, Крива Паланка и Радовиш – по 2, Свети Николе, Пехчево и Пробиштип – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се шест починати лица: двајца починати лица од Скопје (76г и 80г) и по едно починато лице од Крива Паланка (64г), Радовиш (82г), Прилеп (75г), и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од: Скопје (2), Велес (1). Починатите лица се на возраст од 71г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 22.02. до 25.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во домашни услови, а две лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај девет лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.730 тестови преку: ИЈЗ-359, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–126, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-69, Биотек-85, Систина-56, лабораторија Лаор-104, Синлаб-15, Ремедика-19, Плодност-22, Генеа-7, Никоб Лаб-189, ВФВ Медикал-53, Ели Медика-21, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.194.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 139237, Активни 1773
Куманово 16176, Активни 143
Битола 14264, Активни 177
Прилеп 13576, Активни 153
Тетово 13308, Активни 88
Кавадарци 10138, Активни 128
Велес 9455, Активни 136
Гостивар 9375, Активни 53
Охрид 8529, Активни 70
Струмица 7911, Активни 46
Штип 7894, Активни 45
Кичево 5401, Активни 72
Кочани 4954, Активни 23
Струга 4628, Активни 41
Гевгелија 4260, Активни 66
Неготино 3606, Активни 38
Свети Николе 2603, Активни 17
Ресен 2575, Активни 40
Радовиш 2469, Активни 15
Крива Паланка 2370, Активни 30
Делчево 1895, Активни 12
Берово 1624, Активни 3
Дебар 1631, Активни 8
Валандово 1455, Активни 4
Виница 1338, Активни 0
Пробиштип 1254, Активни 5
Богданци 1002, Активни 16
Кратово 931, Активни 10
Крушево 902, Активни 8
Демир Хисар 804, Активни 10
Македонски Брод 723, Активни 7
Демир Капија 576, Активни 11
Македонска Каменица 518, Активни 3
Пехчево 482, Активни 0
Дојран 331, Активни 1
цр/мч/