• петок, 22 ноември 2024

Нови сензорни соби во градинките „Мајски цвет“ и „Орце Николов“

Нови сензорни соби во градинките „Мајски цвет“ и „Орце Николов“

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Во градинките „Мајски цвет” во урбана заедница Владо Тасевски и „Орце Николов“ во Карпош 3, денеска официјално беа пуштени во употреба новите сензорни соби за деца со попреченост. Вкупната финансиска конструкција за опремување на сензорните простории во предучилишните установи, изнесува 2.935.480 денари, а од општинскиот буџет издоени се околу 616.450 денари, информираат од Општина Карпош.

Сензорните соби се во рамките  на проектот за зајакнување на општинските совети на УНДП, во партнерство со Швајцарска влада и Министерство за локална самоуправа, денеска на две локации се отворија сензорни соби во општина Карпош.

На свеченото пуштање во функција градоначалникот на Карпош Стевчо Јакомовски информира дека овие две сензорни соби  се плод на заедничката соработка помеѓу УНДП, каде локалната заедница од повеѓе проекти со гласање одлучиле  да се направат сензорни соби за најмлади жители.

-Во сензорните соби има најсовремени квалитетни реквизити и овие соби ќе се користат за деца кои имаат потреба за концентрација, додаде Јакимовски.

Целта на овие простории е да се изолира детето од секојдневните активности, односно да се обиде да се сконцентрира и полесно да го поминува времето во дневниот престој. Општина Карпош располага со неколку вакви простории во основните училишта, но ова се први две во овие две  градинки. ад/сст/
 

 

 

           

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан