• понеделник, 23 декември 2024

Нови сателитски снимки покажуваат разорни штети во Мариупол

Нови сателитски снимки покажуваат разорни штети во Мариупол
Лондон, 12 март 2022 (МИА) - На сателитски фотографии направени од приватна американска компанија се гледа големо разурнување на станбена и цивилна инфраструктура во југоисточниот украински град Мариупол, јави Би-Би-Си. Компанијата „Максар технолоџис“ (Maxar Technologies) соопшти дека пожари биле забележани во западниот дел на пристанишниот град и дека десетици високи станбени згради се сериозно оштетени од руските бомбардирања и гранатирања. Претходно украинската армија соопшти дека руските сили зазеле предградие на Мариупол, кој е под опсада на руските сили повеќе од една недела, а во градот нема електрична енергија, гас и вода. Советникот во украинското Министерство за внатрешни работи Антон Герашченко изјави дека рускиот генерал Андреј Колесников загинал во текот на борбите за Мариупол. Според украински тврдења тоа е трет руски генерал кој загинал во борбите. Смртта на Колесников не е потврдена од страна на руската армија. Мариупол има стратешка позиција на брегот на Црното Море. Ако градот биде заземен, тогаш руските сили во Источна Украина ќе формираат копнен мост со московските трупи кои го нападнаа анектираниот полуостров Крим. ми/

Остани поврзан