• вторник, 24 декември 2024

Нови пет генерации ја завршија Бреинобреин програмата во Охрид

Нови пет генерации ја завршија Бреинобреин програмата во Охрид
Охрид, 19 април 2022 (МИА) – Нови пет генерации ученици ја завршија комплетната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид. Претседателот на општинската организација на Црвен крст – Охрид Сао Точков, информира дека децата се здобиле со меѓународно признаени сертификати за завршени 10 нивоа на интернационалната Бреинобреин програма и соодветни таблоа. - Во центарот се имплементира едукативна програма преку проверени и признаени едукативни техники базирани на Неуро лингвистичко програмирање (НЛП) и Абакус ментална аритметика, кои го поттикнуваат мозочниот потенцијал кај деца од 4 до 14 годишна возраст за стекнување, развивање и потврдување на способностите за концентрација, фотографска меморија, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми, појасни Точков. Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин - Црвен крст Охрид, додаде,  работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија од 2010 година. сс/аа/

Остани поврзан