• четврток, 21 ноември 2024

Нови комунални инвестиции во Општина Ресен

Нови комунални инвестиции во Општина Ресен

Ресен, 25 јуни 2020 (МИА) - Општина Ресен со поддршка на Центарот за развој на пелагонискиот регион во Битола по отворањето на новиот градски пазар, наскоро ќе промовира уште една комунална инвестиција.

Станува збор за набавка на машина метларка која директно ќе влијае врз подобрување на состојбите во животната средина, потврди Гого Видимче, директор на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион - Битола.

-Ги следиме есенцијалните проблеми на граѓаните од пелагонискиот регион и во соработка со градоначалниците посветено работиме за решавање на проблемите и подобрување на квалитетот на животот во пелагонискиот регион. Преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, за Општина Ресен во тек е постапка за набавка на метларка со што директно се придонесува за подобрување на состојбите во животната средина, истакна Видимче.

Центарот за развој на пелагонискиот плански регион со поддршка на Министерството за локална самоуправа директно придонесоа за обезбедување на средства при изградбата на нов Пазар во Ресен.мт/бт/

Остани поврзан