Нови играчки херои на Мател за борба против Ковид-19
- Приходот е наменет, пред сѐ, за кампањата #FirstRespondersFirst , насочена за помош на оние кои ширум светот се на првите борбени линии против коронавирусот.
Лос Анџелес, 30 април 2020 (МИА) - Американскиот производител на играчки Мател, во чест на медицинските работници направи нова колекција „Херои" играчки. Приходот од продажбата ќе биде наменет за помош на здравствените лица.
Играчките со лик и униформи на лекари, сестри, техничари итн., можат да се купат од денеска, преку интернет, по цена од 20 долари од играчка.
Приходот е наменет, пред сѐ, за кампањата #FirstRespondersFirst , насочена за помош на оние кои ширум светот се на првите борбени линии против коронавирусот.
Минатата недела Центарот за контрола и спречување болести процени дека најмалку 9.200 здравствени работници во САД се инфицирани со вирусот за време на корона-епидемијата. си/