• петок, 05 декември 2025

Нови детски игралишта и урбана опрема во Општина Аеродром

Нови детски игралишта и урбана опрема во Општина Аеродром

Скопје, 11 јуни 2025 (МИА) - Општина Аеродром информира дека работи на реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти за унапредување на квалитетот на урбаниот живот и за подобри услови за рекреација и забава на граѓаните.

В. д. градоначалникот Дејан Митески денеска извршил обиколка на локациите каде се работи и истакнал дека овие проекти се дел од континуираната заложба на Општина Аеродром за подобрување на урбаната инфраструктура и квалитетот на живот во сите делови на општината.

- Во населба Лисиче, во паркот спроти Крстот, е поставено ново детско игралиште, опрема за вежбање на отворено, извршена е целосна реконструкција на кошаркарското игралиште, како и инсталација на ново ЛЕД-осветлување, со што ќе обезбеди поголема безбедност и можност за користење на просторот и во вечерните часови. Покрај булеварот „Февруарски поход“ во населба Ново Лисиче, на целосно нова локација е поставено современо детско игралиште со што нашите најмали жители од овој дел на Аеродром можат да се дружат и да се забавуваат во убаво уредена урбана зона, стои во соопштението.

Во паркот „Јане Сандански“ се работи на комплетна реконструкција на урбаната опрема со што просторот добива нов, модерен изглед и обезбедува пријатна и функционална околина за одмор, дружење и рекреација за сите генерации, особено во топлите летни денови.

- Ги повикуваме граѓаните активно да ги користат новите содржини и заеднички да се грижиме за нивното одржување, се наведува во соопштението од Општина Аеродром. мд/дма/

Фото: Општина Аеродром 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан