• среда, 30 октомври 2024

Нови борби во Судан по завршувањето на примирјето

Нови борби во Судан по завршувањето на примирјето

Картум, 11 јуни 2023 (МИА) - Во Картум, веднаш по завршувањето на 24-часовното примирје, утринава продолжија борбите.

Жителите на Картум се разбудија од звуците на артилерија и борби во неколку населби на главниот град, изјавија очевидци.

Судирите продолжија десет минути по завршувањето на 24-часовниот прекин на огнот за кој преговараа саудиските посредници, кој започна во 6 часот наутро во саботата.

Гранатирање со тешка артилерија се слушнало во Картум и во Омдурман, предградие на главниот град, а забележано е и пукање од различни видови оружје на улицата „Ал Хаја“ во јужниот дел на Картум.

Новото примирје, кое според очевидците во голема мера беше почитувано, им даде одмор на жителите на Картум за време на кој тие можеа да се снабдат со намирници или да избегаат од главниот град.

Речиси два месеца, Картум е зафатен од вооружен конфликт што доведе до тешка хуманитарна криза.

Конфликтот избувна на 15 април меѓу армијата предводена од генералот Абдел Фатах ал Бурхан и паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ) на генералот Мохамед Хамдан Дагло.

Претходно договорените примирја генерално беа прекршени веднаш по нивното стапување во сила.

Повеќе од 1.800 луѓе загинаа во војната, според организацијата ACLED, специјализирана за собирање информации во конфликтните зони, додека според ОН, има два милиона раселени лица и бегалци. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан