Германски циркус ги замени животните со холограми
- Германскиот циркус „Ронкали“ воведува холограмски содржини, со цел помалку тормозење на животните.
Берлин, 13 септември 2023 (МИА) - Германскиот циркус „Ронкали“ воведува холограмски содржини, со цел помалку тормозење на животните. Групата, инаку, престана да користи лавови и слонови во претставите уште во 1991 година, а пред пет години отиде и подалеку, па целосно ги отстрани вистинските животни од својата програма.
- Вистински животни во рингот - тоа денес веќе не е в ред, според нас, изјави раководителот на циркусот, Патрик Филаделфија.
Последниве години, циркусите се сѐ повеќе ограничени со простор.
- Ако се сместите сред центарот на некој град, веќе нема простор за надворешните заградени простори за животните. Преселничката природа на циркускиот живот е исто така заморна за животните, на пример коњите, кои треба да се натоварат во камиони и потоа да се пренесат во соседниот град. Веќе нема никаква смисла циркусот да ги чува животните, додаде Филаделфија.
Размислувајќи како да се зачува магијата на животните, особено за децата, циркусот пристапува кон новата технологија - холограми.
- Ако може да проектирате некој кој повеќе не е жив на холографски екран, зошто не можете да го направите тоа со коњ, слон?, прашува Филаделфија.
Визуелната илузија, инаку, е технички предизвик затоа што во циркусот публиката седи во круг, наспроти театарот, каде што сите се пред сцената. си/ми/
Фото: Википедија