• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Новиот натприроден трилер со Кевин Бејкон на „Прајм видео“ - хит во најава

Новиот натприроден трилер со Кевин Бејкон на „Прајм видео“ - хит во најава

Лос Анџелес, 6 март 2025 (МИА) - Стрим-платформата „Прајм видео“ го објави првиот трејлер за новата минисерија со натприродна тематика - „Обврзан“ (The Bondsman). За еден ден, кусото видео собра над два милиони прегледи.

Во трилер-серијата, Кевин Бејкон го глуми Хаб Халоранд - ловец за награди, кој откако ќе биде убиен добива втора шанса за живот, но под други, необични околности... „Обврзан“ т.е. должен кон - самиот ѓавол, поради што сега ќе мора да лови демони кои избегале од пеколот и предизвикуваат хаос на Земјата.

Минисеријата е напишана од Грејнџер Дејвид. Ќе се прикажува од 3 април, првично во осум епизоди, во повеќе од 240 земји и области ширум светот.

Покрај Бејкон, во серијата своја улога имаат и Дејмон Хериман, Максвел Џенкинс, Џолин Перди, Џенифер Нетлс, Бет Грант, Рен Ханами и други. Реакциите на гледачите на трејлерот се главно позитивни.  си/ссм/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан