• среда, 24 јули 2024

Новинарот Петар Ставрев засади дрвце во алејата на добитници на наградата за животно дело

Новинарот Петар Ставрев засади дрвце во алејата на добитници на наградата за животно дело

Битола, 11 ноември 2022 (МИА) - Петар Ставрев, годинешниот добитник на наградата за животно дело 4 Ноември, ја продолжи традицијата на засадување дрвце во Алејата на добитниците на награда за животно дело.

Во градскиот парк во Битола, Ставрев во придружба на градоначалникот Тони Коњановски не го криеше своето задоволство за традицијата и вредноста на хуманата акција, а во изјава за медиумите посочи на историското минато на градот.

-Би сакал овде да кажам нешто за Битола. Битола никогаш не посегнала по туѓи градови, по туѓи имоти, ниту од неа тргнале војски кон други терени, а знаела да ја одбрани својата слобода и демократија, со млади личности, кои го положиле животот за нејзината слобода. Се надевам дека така ќе биде и во иднина, зашто нашиот град ќе го освојува светот со културни постигања, со спортски активности и со други знаења за кои што имаме моќ и сила, истакна Ставрев.

Хуманата акција на засадување дрвце во градскиот парк во Битола според востановената традиција ја реализираат добитниците на наградата за животно дело. мт/сст/

Остани поврзан