Нова спортска сала се гради во село Сопот
- - Нова спортска сала добива селото Сопот, информираат попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Како што појаснуваат оттаму, изградбата на спортската сала во селото е со површина од 400м2.

Кавадарци, 3 јануари 2024 (МИА) - Нова спортска сала добива селото Сопот, информираат попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Како што појаснуваат оттаму, изградбата на спортската сала во селото е со површина од 400м2.
-Станува збор за инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 22.000.000 денари. Уште едно ветување станува реалност. Изведувач на работите е фирмата „Градба промет“, додаваат од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник. свд/сст/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев