• вторник, 13 мај 2025

Нова метеоролошка станица поставена на браната „Лисиче“

Нова метеоролошка станица поставена на браната „Лисиче“

Велес, 22 април 2025 (МИА) - Јавното претријатие за водостопанство „Лисиче“ од Велес постави нова метеоролошка станица на браната „Лисиче“. Новиот систем за мониторинг ќе ги следи параматрите како: брзина и насока на ветар, температура на воздухот и влажност на воздухот, мерења на врнежи, атмосферски притисок и соларна радијација, информира за МИА, Ване Маневски директор на ЈПВ „Лисиче“.

Тој појаснува дека новата метеоролошка станица ја земени старата која беше по застарена технологија и не мереше некои параметри. За набавка на оваа најсовремена метеоролошка станица  ЈПВ „Лисиче“ од сопствени средства издвоило 224.200 денари со ДДВ.

Маневски појаснува дека податоците се складираат во база на податоци од моментот на поставување на станицата, што овозможува долгогодишно следење и анализа на метеоролошките услови и трендови.

-Оваа метеоролошка станица ќе ги обезбеди сите потребни податоци за мониторирање на метеоролошките услови, што е клучно за ефикасно и безбедно управување со браната, потенцира  Маневски.

Инаку, браната и езерото се дел од ХС „Лисиче“ од која со квалитетна вода  за пиење се снабдуваат  жителите на Велес и околните населени места. ад/дма/

Фото:  ЈПВ „Лисиче“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан