Нова мапа на патеките за годинашното издание на Виз ер Скопски маратон 2022
- Организаторите на Виз ер Скопски маратон ги завршуваат подготовките за 18. издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани кај нас и пошироко. Годинава ќе има измена на пате
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Организаторите на Виз ер Скопски маратон ги завршуваат подготовките за 18. издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани кај нас и пошироко. Годинава ќе има измена на патеките.
- Учесниците во маратон, полумаратон и штафетен маратон ќе стартуваат во правец накај „Порта Македонија“ преку Плоштад „Македонија“ и ќе излезат на улицата покрај Тренд (Никола Вапцаров)“ која излегува на ул. Димитрије Чупвски., и потоа се движат по Бул. „Климент Охридски“, па десно по ул. Св. „Кирил и Методиј“ до кружниот тек кај Католичка Црква. Оттука се приклучуваат на „Теодосиј Гологанов“ каде се трча се до Студентскиот Дом “Гоце Делчев“ и се продолжува по „Војвода Васил Чакаларов“ до населбата Хром каде се врти полукржно и тркачите се враќаат по истата патека назад кон центарот на градот каде продолжуваат кон населбата Аеродром по улицата 11 Октомври. Потоа по Бул. Крушевска Република каде вртат десно по 3-та Македонска Бригада, па се трча до Бул. Србија и се врти лево и потоа повторно лево за да се излезе на Бул. Јане Сандански, се трча до пред раскрсницата кај „Мајчин Дом“, тука се врти полукружно и учесниците се враќаат по истата патека назад до центарот на градот. Ја поминуваат Порта Македонија и завршуваат пред Плоштад „Македонија“. Ова е еден круг кој го трчаат учесниците во полумаратон, додека учесниците во маратон и штафетниот маратон трчаат уште еден ист ваков круг.
Учесниците на трката на 5км ќе стартуваат пред Собранието на Р. Македонија, но во правец накај населбата Аеродром по „3-та Македонска Бригада“, а на раскрсницата со ул. Коста Новаковиќ вртат полукружно и по истата патека по „3-та Македонска Бригада“ се враќаат во центарот на градот. Оттука преку Порта „Македонија“ финишираат пред Плоштад „Македонија“.
Измените на штафетите за штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе бидат во самиот центар на градот, 1 и 3 измена се пред Гимназијата „Јосип Броз Тито“, додека 2 измена е на излезот на улицата „Никола Вапцаров“, спроти Министерството за правда. Низ долж патеката ќе бидат распоредени 9 водени станици во еден круг, соопшти организаторот на Скопскиот маратон.
Пријавувањето за учество за маратон, полумаратон, штафетен маратон и трката на 5км се затвора на 20 септември, а за сите пријави до 10 септември, името на учесникот ќе биде испечатено на стартниот број.
Секој учесник во трката добива и вредносен ваучер од 20 ЕУР од авиокомпанијата „Виз Ер“ кој може да се искористи за било кој лет.
Од Сојуз на спортови ја повикаат публиката да земе учество во избирањето на најдобра фотографија и најдобар транспарент на годинашното издание на Виз Ер Скопски Маратон 2022.
Виз ер Скопскиот маратон 2022 ќе се одржи на 2 октомври (недела) со почеток во 8 часот. зс/