• понеделник, 06 мај 2024

„Нова левица“ е името на пратеничката група што ја формираа поранешните пратеници од грчката партија СИРИЗА

„Нова левица“ е името на пратеничката група што ја формираа поранешните пратеници од грчката партија СИРИЗА

Атина, 4 декември 2023 (МИА) – „Нова левица“ (Неа Аристера) е името на новата пратеничката група што 11 поранешни пратеници од СИРИЗА ја формираа во грчкиот Парламент, откако ја напуштија грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина. 

Независните пратеници во средата ја формираа новата пратеничка група, чиј претседател е поранешниот министер од Владата на СИРИЗА Алексис Харицис, додека пак вечерва и официјално беше претставено новото име.

Харицис истакна дека не соопштуваат нова политичка партија, туку започнуваат „нов колективен потфат“, а преку денешната средба се раѓа нешто ново и додаде дека сакаат нова и модерна европска левица.

Дел од новата пратеничката група се поранешни министри од СИРИЗА, како и кандидатката за лидер на партијата Ефи Ахциоглу.

Станува збор 11 за пратеници од две фракции, кои си заминаа од СИРИЗА поради несогласувањата со новиот партиски лидер Стефанос Каселакис. ср/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан