• петок, 22 ноември 2024

Нова детска градинка во поранешниот Дом за доенчиња во Битола

Нова детска градинка во поранешниот Дом за доенчиња во Битола

Битола, 4 август 2023 (МИА) - Општина Битола почна со адаптација и реконструкција на дел од поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, кој ќе биде пренаменет во детска градинка.

Од Општина Битола информираа дека градежни активности ќе се одвиваат во наредните 10 месеци кога треба да заврши оспособувањето на дел од објектот во детска градинка, со капацитет за сместување од 70 деца.

Како што е познато, минатата година, градоначалникот Тони Коњановски и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, потпишаа договор за финансиска поддршка.

Изработен е архитектонски проект и извршен избор на изведувач од страна на МТСП, сега следува реконструкција на водовод и канализација, со соодветни технички и електрични адаптации, партерно уредување на дворот, пристапни патеки и нов пристап до самата градинка, соопштија од Општина Битола.мт/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан