Нова бесплатна интернет зона во Општина Илинден
- Општина Илинден за своите граѓани обезбеди бесплатен интернет пристап во комплетна должина на пешачката и велосипедска патека Марино-Кадино.
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Општина Илинден за своите граѓани обезбеди бесплатен интернет пристап во комплетна должина на пешачката и велосипедска патека Марино-Кадино.
Согласно програмата за работа, од денеска е обезбеден бесплатен безжичен интернет на патеката во целосната нејзина должина.
Претходно, Општина Илинден овозможи бесплатен интернет во културните домови во Илинден, Марино, Кадино и Миладиновци, како и на фудбалското игралиште во Кадино.
Од локалната самоуправа најавуваат дека во следниот период ќе овозможат нови бесплатни интернет зони и на други на локации на територијата во општината./