• четврток, 04 декември 2025

Новата градоначалничка Соња Стаменкова и советниците во Советот на општина Македонска Каменица ги добија уверенијата

Новата градоначалничка Соња Стаменкова и советниците во Советот на општина Македонска Каменица ги добија уверенијата

Македонска Каменица, 7 ноември 2025 (MИА) – Со свечен настан во организација на Општинската изборна комисија, денеска во Македонска Каменица беа официјално доделени уверенијата на новоизбраните локални функционери.

На церемонијата, Соња Стаменкова ја доби потврдата за својот мандат како нова градоначалничка на Општина Македонска Каменица, а уверенија беа врачени и на членовите на Советот на општината.

Претседателката на Општинската изборна комисија, Ивана Наумовски, на избраните претставници им го честиташе успехот и им посака да работат посветено и одговорно во интерес на граѓаните.

Во рамки на настанот беше спроведено и формалното примопредавање на функцијата меѓу досегашниот градоначалник Димчо Атанасовски и новата градоначалничка Соња Стаменкова. Средбата помина во колегијална и пријателска атмосфера, со размена на честитки и разговор за тековните активности и идните приоритети на локалната самоуправа.

Од Општинската изборна комисија упатија порака до сите избрани претставници да соработуваат транспарентно и конструктивно, со цел натамошен развој и подобрување на условите за живот во Македонска Каменица. вс/дма/


Фото: OO СДСМ Македонка Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан