• четврток, 14 ноември 2024

Нобеловец осуден на шест месеци затвор

Нобеловец осуден на шест месеци затвор

Дака, 2 јануари 2024 (МИА) - Судот во Бангладеш денеска го осуди нобеловецот Мухамед Јунус на шест месеци затвор за кршење на работните закони, соопштија обвинителите, додека Јунус тврди дека е осуден за кривично дело што не го сторил, пренесуваат британските медиуми. 

Јунус (83) и неговата банка Грамин ја добија наградата за мир во 2006 година за нивната работа со која се извлекоа милиони луѓе од сиромаштија преку мали заеми на руралните жители на Бангладеш, што го прави пионер на глобалното движење за микрокредитирање.

Премиерот Шеик Хасина, сепак, го обвини дека ја „цица крвта на сиромашните“.

Поддржувачите на Јунус велат дека владата се обидува да го дискредитира, бидејќи тој некогаш размислувал да основа политичка партија за да се спротивстави на владејачката Авами лига на Шеик Хасина.

Јунус и тројца вработени во Грамин Телеком, кој тој го основаше, беа осудени вчера затоа што не создале социјален фонд за своите вработени.

-Оваа пресуда против мене е спротивна на секоја логика. Го повикувам народот на Бангладеш да зборува со еден глас против неправдата и за демократија и човекови права за секој наш граѓанин, рече Јунус во изјавата по пресудата. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан