• среда, 01 мај 2024

НМС бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

НМС бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Тетово, 8 август 2024 (МИА) - Дел од вработените во Клиничка болница Тетово и Здравствен дом кои се членови на Независен Медицински Синдикат (НМС) по повод вчерашниот ден на здравјето денеска од 10 до 10:30 часот одржаа протест со барање за подобри услови за работа во јавните медицински установи.

Координаторот на Независен Медицински Синдикат за Тетово Ариф Ибраими во изјава за медиумите посочи дека во градот еден од најголемите проблеми е недостигот на кадар.

-Бројот на вработени не кореспондира со препораките од СЗО како установа сме региситриани за 470 кревети, за кои треба да има тројца вработени по кревет, речиси 1500 вработени за да оптимално се изврши и даде здравствена услуга. Нам ни фалат најмалку 400 вработени за да се изврши оптимална здравствени услуга, изјави Ариф Ибраими.

Независен Медицински Синдикат во повеќе градови одржа протест од кои се истакнаа барањата за трајно решение на над 1.100 здравствени работници и помошно-технички персонал кои се со договор за дело или со решение за времено вработување и други барања. ас/сст/

фото МИА 

Остани поврзан