• вторник, 05 ноември 2024

Ништо ново во Јапонија: Верстапен на пол-позиција

Ништо ново во Јапонија: Верстапен на пол-позиција

Сузука, 6 април 2024 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе стартува од првата позиција на Јапонското ГП, четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Холанѓанецот трета година по ред стигна до пол-позицијата на Сузука, а воедно го забележа и петтиот триумф во квалификациите по ред со време 1:28.197.

Најблиску до Верстапен беше неговиот тимски колега Серхио Перез, кој заостана 66 илјадитинки, додека третото време имаше Ландо Норис со Мекларен.

Најдобар од останатите беше Карлос Саинц Јуниор во Ферари, пред двократниот светски шампион Фернандо Алонсо и Оскар Пјастри (Мекларен), кој денеска го слави својот 23-ти роденден.

Седми, со само шест илјадити делови од секундата зад Австралиецот, заврши седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, пред Шарл Леклер во второто Ферари.

Топ 10 го комплетираа вториот возач на Мерцедес Џорџ Расел и миленикот на локалната публика Јуки Цунода. дс

Фото: Формула 1

Остани поврзан