• сабота, 23 ноември 2024

Нисан го продава уделот во Дајмлер за 1,15 милијарди евра

Нисан го продава уделот во Дајмлер за 1,15 милијарди евра
Токио, 5 мај 2021 (МИА) - Јапонскиот производител на автомобили Нисан објави дека го продава својот удел од 1,54 проценти во германскиот автомобилски гигант Дајмлер за околу 1,15 милијарди евра. Според Нисан продажбата ќе овозможи „дополнително зајакнување и подобрување на деловна конкурентност, вклучувајќи инвестиции за промовирање на електрификација“. - Индустриската соработка со Дајмлер останува непроменета. Двете групации продолжуваат да соработуваат во повеќе области, се наведува во соопштението на јапонската компанија. Нисан за годинава предвидува нето загуба од 530 милијарди јени (4,8 милијарди долари) за фискалната година до март, што е пониска од претходната прогноза. Нисан, кој е партнер на Рено и Мицубиши, ќе ги објави годишните резултати следната недела. Во март, Рено објави продажба уделот од 1,5 отсто од акциите во Дајмлер, откако францускиот производител на автомобили забележа рекордна загуба во 2020 година, поради пандемијата со Ковид-19. ми/

Остани поврзан