• сабота, 29 јуни 2024

НИН: Вработените на БИА добиле порака да се откажат од помошта од 100 евра „во име на патриотизам“

НИН: Вработените на БИА добиле порака да се откажат од помошта од 100 евра „во име на патриотизам“
Белград, 30 април 2020 (МИА) - На сите вработени во српската разузнавачка агенција БИА им е испратена порака со која ги повикуваат да се откажат од ветените 100 евра „во име на патриотизам“, објави НИН во денешниот број. Неделникот објави дека потврдиле на автентичноста на пораката објавена на социјалните мрежи, во која се повикуваат припадниците на БИА да направат списоци на „волонтери“ кои би се откажале од најавената помош од државата. „Со оглед на тоа што нашите приходи се стабилни и нема да бидат намалени, тие се значително повисоки од националниот просек, во претходниот период нашите работни услови се значително подобрени и сите ќе бидеме заедно горди на нашата поврзаност со компанија која секогаш се бореше за благосостојба на државата, природно е што во вакви времиња, кога државата се напрега до крај, да правиме се што е во наша моќ да покажеме уште еднаш кои сме навистина и какви сме. Сега, најдобро би го сториле тоа со доброволно откажување“, се вели во пораката објавена од НИН. Се тврди дека од членовите на БИА било побарано „да достават списоци на членови кои сакаат да учествуваат во ова, по можност со нивни потписи“ до 27 април до 10 часот.

Остани поврзан