• недела, 22 декември 2024

Нико Вилијамс за Јамал: Ужасно се тресев пред натпреварот со Франција на Евро, а тој мирно спиеше

Нико Вилијамс за Јамал: Ужасно се тресев пред натпреварот со Франција на Евро, а тој мирно спиеше

Мадрид, 30 ноември 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Атлетик Билбао и шпанската репрезентација Нико Вилијамс изјави дека е многу изненаден од однесувањето на неговиот репрезентативен партнер Ламин Јамал пред полуфиналето на ЕП 2024 година.

Во полуфиналниот натпревар на турнирот, кој се одигра на 9 јули, Шпанците победија со резултат 2:1. Тимот стигна до финалето, каде со истиот резултат ја победи селекцијата на Англија и по четврти пат во историјата стана европски шампион.

- Одевме да играме во полуфиналето на Европското првенство, сите заедно патувавме во автобус. Бев исплашен до смрт, а Јамал само спиеше, изјави Вилијамс за „Goal.com“.

Во финалето, 22-годишниот Вилијамс го одигра целиот натпревар и го постигна првиот гол на својот тим. Седумнаесетгодишниот Јамал влезе во стартниот состав, асистираше за голот на Вилијамс и беше заменет во 89. минута. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан