Николоски се сретна со претседателката на белгиската фудбалска федерација
- Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска се сретна со претседателката на фудбалската федерација на Белгија Паскал Ван Даме.
Скопје, 6 јуни 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска се сретна со претседателката на фудбалската федерација на Белгија Паскал Ван Даме.

- Денес во Владата се сретнав со Паскал Ван Даме - претседателка на фудбалската федерација на Белгија и високи претставници од политичкиот и бизнис живот во Белгија кои допатуваа во Македонија во пресрет на фудбалскиот натпревар помеѓу двете земји, наведува Николоски на својот фејсбук профил.
Според вицепремиерот, соработката со Белгија е на високо политичко и економско ниво. мд/мч/
Фото: Фејсбук на вицепремиерот Николоски